Сите сириски борци на ИД ја напуштија Рака

14 October, 2017 - 12:57

Сите сириски борци на екстремистичката група Исламска држава го напуштија сирискиот град Рака, некогашното упориште на групата во источниот дел на земјата, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права. 

„Сириските џихадисти го напуштија Рака со своите семејства и се упатија во непознат правец, а во тек се подготовките и за заминување на странските борци“, наведе Организацијата.

Претходно, телевизијата „Ал Арабија“ објави дека Рака е целосно ослободен од присуството на џихадистичката група ИД. Операцијата за преземање на Рака започна на 6 јуни. 

Веста е прочитана 440 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.