СЈО бара бомбите да бидат доказ во „ТНТ“ и „Топлик“

3 November, 2017 - 18:41

Одбраната бара да се почитува приватноста и пресудите на Европскиот суд за човекови права, обвинителите одговараат. Никола Груевски , Миле Јанакиевски, Тони Трајковкси не се жртви на прислушкување туку тие биле дел од власта што масовно незаконски прислушкувала кога на чело на УБК бил Сашо Мијалков, обвинет во предметот „Таргет“ . Овие разговори имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста. Не смее да се дозволи криминалот да добие заштита рекоа обвинителите.

„Целта на пресудите на Европскиот суд за човекови права е заштита на приватноста на граѓаните од власта а во случајот токму обивнетите биле дел од власта и нивни сопратијци и роднини. Излегува дека треба да ги штитиме од смаите себе си. Овие обивнети не може да ги сметаме за жртви бидјеки прислушувањето е организирано и извршено од нивни роднини и сопаријци во време кога биле во врвот на политичката моќ“, кажа Бурим Рустеми, обвинител од СЈО.

Одбраната праша дали сите 20 илјади прислушкувани граѓани треба да се третираат како прислушкувачи и да не се штитат нивните права. Побараа судот да стави крај на незаконското прислушкување со тоа што ке ги одбие бомбите, во спротивно велат и во иднина ќе се појавуваат снимки од политичари, бизнисмени и други граѓани и во име на некаков јавен интерес ќе се користат како докази. Но, со оглед на досегашните одлуки на Апелација не се оптимисти дека ќе ги прифати нивните аргументи.

Ниту Груевски ниту останатите обвинети не дојдоа на денешните јавни седници за бомбите. Судиите рекоа дека не му е во корист на Миле Јанакиевски тоа што и по неколку обиди не ги добивал  судските покани, а роковите за седница се кратки .

Апелационите судии одлучуваат дали 26-те прислушкувани разговори во предметот „ТНТ“ за уривањето на Космос и 11 аудио снимки  предметот „Топлик“ за Сончев град ќе ги врати меѓу останатите докази како што веке направи во три предмети на СЈО или ке ја потврдат одлуката на Кривичниот суд дека се незаконски прибаени.

Елена Ивановска Муковска

Веста е прочитана 1379 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.