СЈО бара одговорност за судијката Бахчовановска

1 November, 2017 - 16:06

Специјалната обвинителка Катица Јанева бара одговорност за судијката Моника Бахчовановска од Кривичниот суд, која ги отфрли прислушклувани разговори од предметот „Тифани“ за даночно затајување против новинарката Ивона Талевска. Во претставката до Советот за утврдување на факти, Јанева напишала дека Бахчовановска постапила несовесно бидјеки манипулирала со датумот, наместо денот кога ја донела одлуката да ги издвои бомбите од останатите докази во „Тифани“, на решението пишала постар датум. Во решението стоело дека одлуката да ги отфрли прислушуваните разговори од доказите во „Тифани“, Бахчовановска ја донела на 11 септември, но истовремено ја споменала  одлуката на Апелација да ги врати бомбите во предметот „Триста“, која била донесена една недела подоцна на 18 септември.

„Тоа упатува дека Решението XII КООА бр.51/17 на судијата Моника Бахчовановска од ден 11.09.2017 година всушност е антидатирано , односно истото не е донесено на наведениот датум, туку на некој подоцнежен датум, што пак понатаму упатува на заклучок дека судијата Бахчовановска при носењето на наведената одлука постапувала несовесно. Самото антидатирањена одлуката на судијата Бахчовановска упатува и на злоупотребување на положбата и пречекорување на службените овластувања“, велат од СЈО.

Но Катица Јанева во претставката потенцира дека постапувањето на судијката Бахчовановска го отвора прашањето и за кривчна одговорност, со оглед на постпаките што се водат за можните злоупотреби на АКМИС ситемот.

А според соопштението објавено уште летото, токму АКМИС системот и ги распределил на Бахчовановска која е сопруга на поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ да оценува дури 5 обвиненија на СЈО, мегу кои и она за „Титаник“ за изборни нерегуларности, каде обвинето е раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Во „Тифани“ СЈО предложило 28 прислушкувани разговори мегу доказите. Но Бахчовановска ги издвои со образложение дека се докази прибавени на незкаонски начин и со кршење на правата и слободите утврдени  во Уставот.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 2181 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.