Скопје останува без саем?

9 October, 2017 - 16:32

Одложен е есенскиот „ДОМА“ саем, а 43 саем на енергетика, металургија и електроника „ТЕХНОМА“ ќе се одржи во спортската сала Борис Трајковски.

Од Скопски саем ни потврдија дека халите на Скопски саем ќе останат празни бидејки целиот имот кој досега беше сопственост на словенечката групација ЕРА е продаден поради неплатени долгови. Од таму објаснуваат дека поради немање простор биле принудени најстарата манифестација „ТЕХНОМА“ наместо на 21 октомври да ја презакажат за 5 дена подоцна и и тоа во спортската сала во Карпош. За дополнителни информации не упатија на НЛБ Тутунска банка и Комерцијална банка кои минатиот месец целокупниот имот го продале на фирмата Кардфинанс од Бугарија за сума од 16 милиони евра, која на македонскиот пазар ќе работи под друго име

Од Скопски саем уште велат дека ќе продолжат со своите планирани активности, но на локации за кои дополнително ќе известат.

Веста е прочитана 3827 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.