Случај со родилката во Гевгелија: Детето било родено живо, мајката починала од насилна смрт

5 January, 2016 - 15:33

Детето не е мртвородено, туку живеело десет минути и имало развиено органи за живот, заклучиле обдуцентите од судска медицина. Тоа умрело како последица на недостатокот на кислородот додека било во утробата на мајката и влез на јаглерод диоксид во белите дробови на бебето.  Обвинителството за да ги расчисти сомнежите дали детето е мртвородено како што пишува во болничката отпусна листа, наредило овој сегмент посебно да биде испитан. и многу несогласувања.  

Она што обвинителството посебно ќе го истражува е и дали е направен сериозен пропуст во заведувањето на податоците за детето. Во документите од болницата е запишано дека детето е тешко два килограми и 750 грама, а долго 49 сантиметри. Но судка медицина констатира 400 грама повеќе и два сантиметри поголема должина. Првично крвната група на мајката и детето се поклопуваат односно се нулта, но сепак обвинителството размислува да се направи и днк анализа.

Смртта на Маја Кадиева настала поради комплетен прекин на доводот на кислород и задушување, пишува во наодот на судска медицина. Во него детално стои дека јазикот и хранопроводот на родилката се механички повредени.

Истрагата е при крај и сите докази според извори од обвинителството водат кон четворица вработени во болницата против кои најверојатно ќе има обвинение.

Она што истрагата на обвинителството го доработува е оценувањето на одговорноста на еден од двајцата анестезиолози кои можеби воопшто нема да одговара затоа што во салата бил присутен и му правел друштво на колегата. Тој нема интервенирано или работено со тубусот со кој беше задушена родилката.

Во текот на истрагата се сослушани сите вработени кои вечерта на 22 октомври лани биле во операционата сала. Двајца анаестезиолози првооосмничени за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе, кои вечерта биле пијани се суспендирани од работа до крајот на истрагата.

Кристина Мачкиќ

Веста е прочитана 72 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.