Софија Вергара го прослави 44. роденден

13 July, 2016 - 10:46

Колумбиската актерка Софија Вергара го прослави својот 44 роденден и по тој повод организираше голема забава за своето семејство и пријатели, на која секако почесен гостин беше нејзиниот втор сопруг, Џо Мањаниело.

Софија блескаше во црн комплет од тантела, кој се состоеше од топ и тесно здолништа, потпишан од модното дуо Џил Линколн и Џордан Џонсон.

Заводливиот комплет Софија го потполни со раскошни жолти обетки и црвен кармин на усните.

Тема на забавата беа лимоните и италијанскиот шик во стилот на брендот „Долче Габана“, па така чаршавите, чиниите и салфетките беа прекриени со лимони. кои беа и на менито со јадења, како и во вид на подарок торби за гостите.

Со Софија се забавуваше и нејзиниот 23-годшен син Маноло, кој на Инстаграм напиша дека мајка му „го слави 18-от роденден“.

Сестрата на актерката, Клаудија исто така, се одлучи за тантела во црвена боја, а на забавата се појави и Џеси Тајлер Фергусон, кој во серијата „Модерно Семејство“ го игра Мич. 

Веста е прочитана 323 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.