Сомнежи дека двајца убијци и еден нарачател го извршија убиството на фудбалерот

4 November, 2017 - 16:50

Кој и зошто го уби 28 годишниот Мартин Јанушев? На овие прашања одговор немаат ниту од МВР ниту од обвинителството. Кусо одровараат дека се работи на случајот. Извори од полицијата пак за Телма брифираат дека има сомнежи дека се повеќеми

на убијци кои се блиски до човек веќе познат во криминалните структури и изнудување рекет.  Извори блиски на загинатиот се сомеваат дека во убиството учествувале двајца а еден е нарачател, мотивите за сега не се откриваат. 

Вчера околу 18 часот пред Ред Кафе во скопската населба Аеродром  беше застрелан Јанушев. Убиецот или убијците го фрлиле оружјето и избегале во непознат правец. Неофицијално испукани се повеќе од пет куршуми во пределот на главата и вратот, ама за сега од институциите кои работат на истрагата молчат.  Се чекаат и наодите од обдукцијата и вештачењето на оружјето кое е најдено а за кое не се окрива што точно е. Неофицијално  сведоци се веќе испрашани а на разговор се повикани и дел од можните сторители.

Мартин Јанушев е фудбалер кој играл во неколку македонски клубови, последно во Скопска Локомотива. Тој откако беше застрелан случајни минувачи го превезле во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, но без знаци на живот. И покрај обидите лекарите не успеаја да го спасат.

Билјана Николовска

Веста е прочитана 7776 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.