Сопственикот на штипската текстилна конфекција „Банк и Скот“ се откажа од барањето за исплата на штета

7 September, 2017 - 16:11

Сопственикот на штипската текстилна конфекција „Банк и Скот“ се откажа од барањето за исплата на штетата од 29.660 евра, според кое на деветте текстилни работници им се бараше да платата по речиси 3.300 евра поради тоа што не дошле на работа на државниот празник Успение на Пресвета Богородица. Ова е договорено а и во писмена форма го добиле на заедничката средба меѓу работниците и претставниците на конфекцијата.

Со оваа спогодба деветте текстилни работници веќе од денеска можат да се пријават во Центарот за вработување и да бараат работа во една од 80 текстилни конфекции во Штип. Телма уште на самиот почеток ја следеше приказната на деветте текстилни работници. Трајков забележува дека во овој случај институциите експресно реагирале, а настанот будно бил следен од медиумите и јавноста, за што веќе по поминати 11 денови има и епилог.  

Деновиве се очекува и Трудовиот инспекторат да се изјасни и да донесе заклучоци за овој настан. Вакви случаи постоеле и во минатото, но ова е прв случај кој беше јавно објавен од страна на медиумите, за побаруавање на штета од работниците оти не дошле на работа на државен празник. Синдикатот во овој случај молчеше, целата поддршка беше дадена од здружението „Гласно“, од каде што забележуваат дека ваков каков што е Законот за работни односи е на штетата на работниците. Укинатите 24 работнички права мора да се вратат забележуаваат од „Гласно“, а првата иницијатива е за регулирањето на работното време. 

Викторија Димитрова Јованова

Веста е прочитана 3882 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.