Советот на обвинители се изјасни за кандидатите за јавен обвинител

2 November, 2017 - 14:32

Советот на јавни обвинители ги разгледал и до Владата ги доставил мислењата за поднесените пријави на огласот за избор на Јавен обвинител на Република Македонија.

Во кусото соопштение од Советот на обвинители, се наведува дека се разгледани апликациите на кандидатите кои имале комплетна и уредна документација и за нив се дадени образложенија во писмена форма кои денеска се доставени до Владата на Република Македонија.

На огласот за нов државен јавен обвинител беа пријавени 23 кандидати.

Согласно законот, Владата на седница треба да ги разгледа кандидатурите и мислењата од Советот на јавни обвинители и треба да донесе одлука за еден од кандидатите. Потоа одлуката оди во Собранието како предлог решение, а истовремено се доставува и мислењето на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас.

Мандатот на државниот јавен обвинител е шест години со право на повторно именување.

Новиот државен јавен обвинител треба да дојде на местото на Марко Зврлевски, кој беше разрешен од Собранието на 17 август годинава. До назначувањето нов јавен обвините, времено функцијата ја извршува Лилјана Спасовска.

Веста е прочитана 1163 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.