Резултати според партиски извори: СДСМ победува во Битола, Охрид, Прилеп - ВМРО во Штип

15 October, 2017 - 21:33

Според партиските извори на СДСМ од досега пребројани гласови во Велес води Аце Коцевски од СДСМ со 9.259, пред Славчо Чадиев од ВМРО-ДПМНЕ со 6.854.

Во Делчево пребројани 72% од гласовите Горан Трајковски од СДСМ освоил 3.944, Иван Соколов од ВМРО-ДПМНЕ 3.154.

Од досега пребројани гласови за градоначалник на Охрид, Јован Стојановски СДСМ освоил 12.215 гласови, Митко Тилевски од ВМРО-ДПМНЕ 9.107.

Во Кавадарци од досега пребојани гласови Бетиан Китев од СДСМ освоил 1.697, Митко Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ 1.651.

Во Пехчево досега освоени гласови - Драган Тренчовски СДСМ 2. 069, Игор Поповски ВМРО-ДПМНЕ 1.761.

Струмица (извор СДСМ), Коста Јаневски СДСМ 13.687, Марјан Бајрактаров 8.754.

Битола добиени гласови: Наташа Петровска СДСМ - 25.000, Зоран Илиоски ВМРО-ДПМНЕ 13.900.

Берово кандидатот на СДСМ Звонко Пекевски со 1.500 гласа води пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Атанасов.

СДСМ прогласи победа во Ново Село и Босилово - разликата во Ново Село во полза за кандидатот на СДСМ е 400 гласа, во Босилово 500 гласа.

Валандово (извор СДСМ) Перо Костадинов СДСМ 4050, Николе Чурлиновски ВМРО ДПМНЕ 2.730.

Извор СДСМ: Од 95% пребројани гласови во Дојран освоени - Анго Ангов СДСМ 1.253, Борче Стамов ВМРО- ПМНЕ 681, Тони Ајцев независен кандидат 79, Снежана Манева независен кандидат 51.

Според изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ од досега пребројани гласови за градоначалник за Штип Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ има 11.171 гласа , Благој Бочварски од СДСМ 10.884.

Богданци: Блаже Шапов СДСМ 2.800 - Никола Роглев ВМРО ДПМНЕ 2.030

Македонска Каменица освоени - Соња Стаменкова СДСМ 2.400, Дарко Митевски ВМРО-ДПМНЕ 2.270.

Извор СДСМ: од 80% обработени гласачки места во Прилеп СДСМ води со 1.800 гласови разлика пред ВМРО-ДПМНЕ

Од досега пребројани гласови за градоначалник на Пробиштип - Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ има 2.200, Драган Анастасов СДСМ 1.878.

Алијансата на Албанците прогласи победа во прв круг во Струга и во Гостивар.

Веста е прочитана 10378 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.