Стандард и Пурс го задржува најнискиот рејтинг за Македонија досега од ББ минус

18 March, 2017 - 21:00

Кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на нивото ББ минус состабилен изглед односно со проекција дека во следниот период таков и ќе остане. Според „Стандард и Пурс“ предвидувањата дека рејтингот ќе остане бб минус произлегуваат од  рамнотежа помеѓу зголемената политичка неизвесност во текот на следните 12 месеци и ризикот од зголемувањето на јавниот долг на Република Македонија од една страна  и поволните економски изгледи на земјата од друга страна.

 Рејтингот на Македонија, пишува во извештајот на агенцијата, покажува како ние гледаме на нивото на релативно ниски приходи во земјата; слабите проверки и балансирања меѓу државните институции, поттикнати од пролонгираната политичка криза; ограничена флексибилност на монетарната политика која призлегува од режимот на фиксен девизен курс на земјата. Рангирањата првенствено се поддржани од  умереното ниво на надворешниот и јавниот долг, иако тие се зголемуваат.

Задржувањето на рејтингот на ниво ББ минус за ВМРО ДПМНЕ е доказ дека владата добро работела, а за СДСМ е доказ за лошите владини политики.

Инаку, „Стандард и Пурс“ ја оценуваат Македонија од 2004 година, кога првата оценка била  ББ, во 2006 рејтингот се зголемил на ББ плус, во 2009-та е вратен на ББ а во  2013 е намален на ББ минус и тоа најниско ниво во досегашните мерења важи и до денес.

 

Веста е прочитана 1334 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.