Судија на Хаваи повторно го блокираше антимуслиманскиот указ на Трамп

18 October, 2017 - 10:14

Американскиот сојузен судија на Хаваи ја блокираше најновата верзија на забранатa за влез во земјата само неколку часа пред да стапи на сила мерката на американскиот претседател Доналд Трамп .

Окружниот судија Дерек Вотсон го одобри барањето од државата Хаваи, привремено да ја блокира владата во Вашингтон од спроведувањето на мерката забрана.

Според новите измени на указот на Трамп, погодени се граѓаните на Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија и Јемен, како и некои владини претставници од Венецуела и членови на нивните семејства.

Во Хаваи се противат на одлуката и тврдат дека таа е продолжение на ветувањето на Доналд Трамп дека „ќе ги исклучи муслиманите од САД".

Забраната ја разгледуваат и судовите во други држави, како што е Мериленд, каде што групите за заштита на граѓанските слободи повикуваат на укинување на ограничувањата за издавање визи и патувања.

Веста е прочитана 726 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.