Сугарески бара пратениците итно да гласаат за пролонгирање на Миладиновци - Штип

18 September, 2017 - 17:04

Предлог најава: Министерот за транспорт Сугарески ги повика пратениците неделава итно да го изгласаат законот со кој ќе се пролонгира изградбата на автопатот Миладиновци-Штип. Директорот на ЈП патишта тврди дека нема застој, 600 луѓе работат на автопатот, а за забавувањата и грешките прстот е вперен кон претходната власт. Експертите велат дека е добро што има конечно утврден рок, но мора да тече процес и на утврдување на одговорноста

Откако мораше значајно да се пролонгира рокот за изградба поради сериозни пропусти, министерот Сугарески верува дека автопатот Миладиновци Штип ќе биде комплетно готов за една година. Досега се завршени 75 отсто од градежните работи, министерот кој денеска отиде на терен да изврши увид, вели дека изградбата тече континуирано, иако наместа со застои. Минатата недела Владата го усвоила анексот на договорот, со кој рокот се пролонгира до крајот на септември 2018. Сугарески побара од партиите неделава Собранието итно да го изгласа соодветниот закон.

МГС Горан Сугарески, министер за транспорт и врски  01.12 до 01.35

„Сакам уште еднаш јавно да ги повикам сите политички партии, пратенички групи, во најбрз рок, на седницата која ќе биде итна, овој закон оваа недела да биде итно донесен“, рече Сугарески.

Откако пртетходно во неколку наврати од Владата изјавуваа дека пропустите ќе донесат милионски штети, сега се тврди дека освен пролонгирањето, нема да има големи финансиски импликации врз буџетот. За грешките во изградбата прстот се вперува кон претходната Влада.

МГС Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта 01.45 до 02.27

„Во изминатиов период некои луже ја замајуваа јавноста дека има застој и намерно се кочат работите. Одговорно тврдам дека работат 600 луѓе, ако имало некои забавувања, тоа е затоа што во минатото некој направил пропусти во проектирањето и во изградбата, отстранување на далноводи, свлечишта, и да ги реши експропријациите, вели Китанов.

Експертите сметаат дека е добро што после три месеци на анализирање и давање разни изјави за автопатиштата, конечно има рок кога овој патен правец ќе финализира. Но, паралелно треба да тече и процесот на утврдување на одговорноста зошто дојде до вакви грешки при изградбата

МГС Вулнет Палоши, универзитетски професор  01.32 до 01.50  и 00.33 до 00.54

„Мислам дека во анализата се земени предвид сите елементи, рокот не е даден напамет, туку се земени предвид експертски мислења. Сите посакуваме тоа да биде и краен рок. Мислам дека ова беше прв чекор, одвоено од анализата што се случувало, и тоа е друг процес, тоа треба да го прават други екипи. За нас како граѓани и како корисници на тие автопатишта е важно дека е даден конкртетен рок кога изградбата ќе заврши“, вели професорот Палоши.

Рокот е пролопнгиран на барање на кинеската компанија Синохидро, која не успеа да стигне да ја заврши изградбата, па наместо мај годинава, патот ќе биде готов дури после една година. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 1230 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.