Текстилците бараат замрзнување на продонесите

30 October, 2017 - 16:18

Здружението на текстилни работници бара линеарно плаќање на придонесите од 5.130 денари односно замрзнување на придонесите за платите до 18.000 денари на исто ниво како придонесите за минималната бруто плата. На таков начин според нив ќе се искорени исплата на плата во кеш и ќе се покачат бруто платите на подобрите работници.

Текстилците признаваат дека ваквото решение ќе има негативни последици на пензијата, но тврдат дека тоа ќе биде прифатено од страна на работниците.

Плата до 18.000 денари земаат повеќе од 50 % од вработените во текстилната индустрија. За предлогот допрва ќе се разговара со владата и ќе се бара тој да важи три години. Досегашната примена на Законот за минимална плата, покажува многу ниска заинтересираност на работодавачите, од поднесените 8.000 барања за субвенција УЈП одобрило за 6.000 работници, што значи дека предвидените пари со ребалансот нема да се искористат. Причините се лоцираат во софтверот на УЈП кој ги исфрла од пресметките надоместоците за стаж и за прекувремена работа. Од владата ќе се бара помош и за фабриките што работат во селските општини кои досега исплаќале плата од 9.560 денари и не се во состојба да исплаќаат минимална плата.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 1317 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.