Тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Куманово - 14 повредени

16 July, 2017 - 20:37

Четиринаесет повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи попладнево на делница од автопатот Табановце - Куманово. Во сударот учествувале еден автобус и два автомобили. Од МВР за Телма потврдија дека меѓу повредените е и поранешниот министер за финансии на Албанија, Арбен Ахметаи, кој бил во еден од автомобилите.

Во несреќата две лица со потешки повреди и се префрлени на клиниките во Скопје, а другите се хоспитализирани во болницата во Куманово. Од МВР засега нема детали како дошло до сударот кој се случилоколу 17.30 часот на клучката од автопатот со магистралниот пат Куманово - Крива Паланка. 

Веста е прочитана 5542 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.