Тодориќ ослободен со каусија од 100.000 фунти

8 November, 2017 - 11:02

Судот во Лондон го пушти на слобода сопственикот на Агрокор, Ивица Тодориќ со кауција од 100 илјади фунти, одземен му е пасошот и треба да носи безбедносна алка, како и да се јавува во полиција трипати неделно.

По излегувањето од судот, доцна синоќа, Тодориќ изјави дека неговото пуштање на слобода е една мала победа. На својот блог напиша дека не се криел, но дека се наоѓа во Лондон бидејќи му е загрозена елементарната правна безбедност во Хрватска. Тој напиша дека неговата адреса, личните и контактите на неговите адвокати им се познати на властите уште од 10 октомври, како и дека тие податоци лично им ги доставил на надлежните институции и чекал да го повикаат.

Тодориќ истакна дека нема да дозволи со политички декрет да се „осуди без судење“ и да се замолкне, бидејќи смета дека неговиот говор „им пречи на оние кои му ја одземале сопственоста“.

По него беше издаден европски налог за апсење и распишана црвена меѓунардона потерница на Интерпол. Тој вчера сам и се предаде на лондонската полиција.

Веста е прочитана 2056 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.