Тодориќ вели дека ќе се врати во Хрватска откако ќе собере докази да се одбрани во случајот Агрокор

22 October, 2017 - 13:02

Хрватскиот бизнисмен Ивица Тодориќ изјави дека тој ќе се врати во земјата само откако ќе ги собере потребните докази за да се одбрани во судскиот спор околу пропаста на гигантот Агрокор.

По Тодориќ вчера беше распишана меѓународна потерница, откако судот во Загреб му изрече мерка притвор. Неговите два сина Иван и Анте, како и уште дузина менаџери и ревизори на Агрокор, кои исто така се обвинети, се пуштени да се бранат од слобода.

- Јас не сум човек кој бега од одговорноста. Реков дека доколку одговорност постои, а јас тврдам дека не сум одговорен, тогаш таа е во целост моја. Јас сум човек на кого тешко му се повредени човековите права. Работам со мојот тим адвокати да соберам докази и факти со кои ќе можам да се спротиставам лагите од кривичната пријава, и да се одбранам себеси и моите соработници од политичкиот прогон чија цел е да се прикрие фактот дека политичарите одземаат приватна сопственост, воведуваат безвластие и вршат вистински криминал, напиша Тодориќ преку својот интернет блог.

Се препоставува дека Тодориќ е во Британија. Агрокор, најголемата компанија во Хрватска која има регионална мрежа на супермаркети и прехрабнени компании, банкротираше и и се заканува целосна пропаст. Тодориќ е обвинет за криминал тежок 189 милиони евра.

Веста е прочитана 2039 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.