Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар - Кичево

14 November, 2017 - 12:26

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар - Кичево. 

Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР за МИА, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.

Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош. 

Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички, управувано од С.С. (56) од Крушево. 

Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот. 

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.