Туск: Нема простор за интервенција на ЕУ околу Каталонија

20 October, 2017 - 09:33

Европската унија нема простор за интервенција околу состојбата во Каталонија, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, додавајќи дека тоа е внатрешно прашање на Шпанија за кое „не треба да се очекуваат формални разговори во рамките на ЕУ“. Тој нагласи дека односите меѓу Шпанија и Каталонија не се на агендата на ЕУ, додавајќи дека „секој има своја емоција, мислење или проценка на состојбата, но дека формално нема простор за интервенција од страна на ЕУ“. Првиот човек на Европскиот совет додаде и дека на средбата на врвот се разговарало и за т.н. лидерска агенда, која се однесува на начините за напредок во клучните области, како што се миграцијата и безбедноста, со истовремено задржување на единството во рамките на ЕУ. 

Веста е прочитана 279 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.