Управниот суд ги одби сите тужби од партиите за локалните избори

5 November, 2017 - 19:42

Управниот суд ги отфрли тужбите на Алијанса за Албанците за изборниот процес од 29 октомври во Струга, потврдувајќи го на тој начин резултатот од гласањето, каде што победи кандидатот на ДУИ, Рамиз Мерко.

Исто така не се прифатени ни тужбите на Движењето Беса и на Народното движење на Македонија.

Вкупно имаше 16 тужби до Управниот суд, од кои 11 на Алијанса за Албанците на Зијадин Селa, четири од Движењето Беса и една од НДМ.

Претходно, Државната изборна комисија ги отфрли сите жалби поврзани со вториот круг од локалните избори.

Веста е прочитана 315 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.