Ураганот Офелија се движи кон Европа

14 October, 2017 - 12:52

Ураганот Офелија, преку Атлантскиот Океан се движи кон Европа, а права може да биде погодена Ирска кон почетокот на следната недела.  Ураганот веројатно ќе го погоди западниот брег на Ирска во понеделник, но додека да пристигне до европскиот брег повеќе нема да има сила на ураган.  Во Ирска е издадено предупредување за силни ветрови. Тоа ќе биде првиот ураган што ќе го погоди европското тло по 1961 година.

Веста е прочитана 236 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.