Утре стартува расправата за ребаланс на буџетот

16 July, 2017 - 16:42

Утре почнува расправата за ребалансот на буџетот во Комисијата за финансирање и буџет. Поднесени се околу 1000 предлог промени на буџетот од страна на опозициската Вмро ДПМНЕ и неколку од страна на ДУИ . Според предложениот ребаланс вкупните кратења изнесуваат околу 47 милиони евра. Главни на удар се непродуктивните трошоци, како патувања, репрезентации, реклами и економски промоции а најголемото кратење  од речиси 7 милиони евра е направено на буџетот на премиерскиот кабинет.

Помалку пари ќе добијат  министерството за одбраната, за внатрешни,министерствата за  правда , за финансии, животна средина, земјоделие , агенцијата за странски инвестиции , ДИК, кабинетот на претседателот Иванов,собранието и Уставниот суд, а повеќе МНР, агенцијата за разузнавање Мин за економија. Предвидено е постапката да трае до 29 јули, по што ќе следува собраниска седница со што се очекува првиот ребаланс на буџетот за 2017 да биде донесен околу Илинден.

 

Веста е прочитана 531 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.