Ванјстајн ризикува затвор

24 October, 2017 - 22:04

Скандалот Вајнстајн после серијата обвиненија за сексуални напади и насилстов означува дека е премината линијата од која нема враќање. Нешто што повеќе не е ограничено само на светот на спектаклот и филмот. Холивуд повеќе нема да биде истиот, но се повеќе луѓе се надеваат, дека во светот на моќта, пред се онаа машката, односот кон жените нема да остане ист.

После сведоштвата на преку 30 жени, од кои три го обвинија за силување, лавината на осуди и неверување од безброј актери, режисери, политичари, сега проговорија и актерите Мет Дејмонд и Џорџ Клуни.

„Знаев дека е женкар, не би сакал да сум оженет за типот, но не тоа навистина моја работа. Но, овој степен на криминално сексуално однесување, е нешто што никогаш не сум помислил дека може да се случува“.

„Помислата дека овој предатор, овој напаѓач, замолчувал жени, е нешто над збеснувачко. И фактот дека приказната сега излегува, сакам да знам се за неа“.

По се делува дека скандалот нема на остане само на сведоштва, морални осуди и згрозеност, и дека после шокот ќе следуваат последици. Вајнстајн и официјално е во окото на бурата и ризикува затвор за своите постапки.

Јавниот обвинител на американската сојузна држава Њујорк, Ерик Шнајдермен синоќа покрена истрага за кршење на човековите права во компанијата „Вајнстајн“, по многубројните обвиненија за сексуално злоставување од страна на холивудскиот продуцент Харви Вајнстајн.

Од канцеларијата на Шнајдермен соопштија дека е издаден налог за доставување на сите документи од компанијата.

Во соопштението се наведува дека тој побарал информации дали некој од вработените во компанијата бил изложен на сексуално злоставување или дискриминација.

Вајнстајн на 8 октомври доби отказ од компанијата, во која е дел од основачите, откако „Њујорк тајмс“ и „Њујоркер“ објавија дека тој со децении сексуално вознемирува и и злоставува жени.

На темата се огласи и познатиот антиестаблишмент активист и режисер Мајкл Мур.

„Мора да ги искористиме овој момент да создадеме свет без „харвиевци“. Ова отвара такви големи теми со кои мораме да се соочиме, особено во оваа индустрија, недостатокот на моќ кај жените, бројот на управни одбори со кои сум се сретнал низ годините во холивуд кои имаат жени на врвот, на директорска позиција, на позиција да одлучува, толку ретко тоа се случува: тоа треба да се промени, оваа култура“.

Скандалот Ванштајн добива димензии на феминистичка револуција, отворена е пандорината кутија и секој ден се откриваат нови обвиненија врз мажи кои ја злоупотребиле својата позиција на моќ. Прашањето во Америка добива и политичка димензија и многумина веруваат дека аферата Ванјстајн може да му се удри од глава и на претседателот Трамп, веќе обвинет од најмалку 10 жени за сексуален малтретирање и напад.

Прашањето е во воздухот, ако можеше да падне моќниот Вајнстајн, може ли да падне и уште помоќниот Трамп.

Ивор Мицковски

Веста е прочитана 1526 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.