„Виолината на Џо“ добитник на златната потковица на „Астерфест“

30 June, 2017 - 14:56

Златната потковица на 13 Астерфест ја доби документарецот „Виолината на Џо“, на Кахане Куперман од САД. „Жени“ на Анастазија Кузјакова од Русија ја доби сребрената, а бронзена потковица, жирито одлучи да додели на филмот „Посетителите“ на Тео Пападулакис од Грција. Со доделувањето на наградите на најуспешните филмови заврши тринаесетото издание на Интернацоналниот филмски фестивал Астерфест.

Астерфест ги додели и наградите „Ѓорги Абаџиев“ за најдобро сценарио, и авторската награда „Ацо Алексов“ којашто ја доби најмладиот учесник, осумнаесетгодишниот Ханис Багашов од Тетово, за филмот „Лица“.

На триенаесетото издание на Астерфест се прикажаа четириесетина филмови, од кои дваесет беа во официјана конкуренција.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 1500 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.