Владата со план за реформи ќе го дочека Хан

19 June, 2017 - 16:05

Владата ќе го пречека еврокомесарот Хан подготвена. До седницата на која и тој ќе присуствува ќе биде подготвена драфт верзијата на акцискиот план со сите досега превземени, но и планирани идни чекори кои треба да ги надминат пречките за придвижување на евроинтеграциите на нашата држава

Посетата на Брисел, но и посетите на меѓународните претставници покажуваат дека работите се придвижуват. Неопходно е да се искористи  оваа позитивна клима, бидејќи вакви периоди не се  случуваат често, рече Бујар Османи.

Паралелно со како што Османи го нарече агресивното спроведување на неопходните реформи, владата работи и на отстранување на политичките пречки. Утрешната посета на Бугарија е во таа насока, полека да почнат да се решаваат отворените билатерални прашања.

Очекувата се дека на овој начин на крајот ќе остане најгорливото прашање, проблемот со името. Османи укажа на потребата евроинтеграците и рамковниот договор да не бидат искористувани во дневно политички цели, бидејќи нивната важност е над тоа.

Сања Јовановиќ  Дамјановска

Веста е прочитана 1875 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.