ВМРО-ДПМНЕ: Не се точни тврдењата на Миновски

17 September, 2017 - 19:37

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека прес-конференција на Миновски, е обид за грубо манипулирање и дезинформирање на јавноста.

„Не се точни тврдењата на Миновски, дека имало рекордно намалено производство на струја. Ако се спореди реализираното, со планираното производство, лесно може да се забележи разликата.

Произведено е за 6,5% повеќе струја од тоа што е планирано“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата на Миновски дека се намалува домашното производство на струја.

Веста е прочитана 1196 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.