ВМРО-ДПМНЕ за апсењето на Сокол Митревски: Ова е само продолжување на притисокот кој го врши СДС и понижување на Македонија

1 November, 2017 - 15:47

Поранешниот градоначалник на Аеродром Ивица Коневски денеска на партиска прес конференција ја обвини СДСМ дека преку апсењето на Митревски се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од неуспешните економски политики на владата.

-Генералот Сокол Митревски кој беше досегашен градоначалник на Општина Ѓорче Петров ниту е криминалец, ниту сторил нешто за полицијата да се изживува со него и неговото семејство на ваков начин. Ова е само продолжување на притисокот кој го врши СДС и понижување на Македонија и се што е македонско, и тоа преку државните институции кои се користат како средство за пресметка со политички неистомисленици, изјави Ивица Коневски.

-Жителите на Скопје и целата македонска јавност знае дека Сокол Митревски во 2001 година застана на браникот на Македонија кога некој лица кои сега се наоѓаат во владата или беа на другата страна или бегаа од регрутација. Денеска, мозокот на вооружениот грабеж на Прокредит банка Флорим Малоку јавно му се заблагодари на Заев што го ослободил од затвор. Вакви лица на чии раце има крв од повредени полициски службеници се ослободуваат, а партиските полициски дивизии се изживуваат врз луѓе како Митревски, потенцира Коневски кој рече дека екс градоначалникот на Ѓорче Петров е уапсен утрово во 4 часот. 

Веста е прочитана 2750 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.