Во Белгија 507 деца биле жртви на сексуална злоупотреба од католички свештеници

20 April, 2017 - 11:22

Вкупно 507 лица биле жртви на педофилија од претставници на Католичката црква во Белгија, покажа истржаувањето на специјална комисија формирана од страна на Претставничкиот дом на белгискиот Парламент, објави невладината „Човекови права без граници“.

Во 2012 година белгискиот Претставнички дом формираше истражна комисија за „сексуалната злоупотреба и педофилија во Католичката црква“, а потоа и Арбитражен центар.

Сведочењата биле собрани како од страна на Арбитражниот центар, како неутрална институција, така и преку 11 лица за контакт во католичките епархии кои се уште има некаква доверба во Црквата.

Според податоците, од 2012 година до јуни 2016 година, Арбитражниот центар идентификувал и отворил 628 случаи и им исплатил три милиони евра на жртвите, од кои 449 лица во фламанската заедница во Белгија, 178 луѓе во франкофонската заедница и на еден човек во заедницата од германското говорно подрачје. Притоа, 121 случаи се отфрлени бидејќи сторителот не бил свештеник или затоа што жртвата веќе била „компензирана“.

Според истражувањето, поголемиот дел од случаит траеле помалку од три години, а понекогаш имало само и само еден случај на злоупотреба. Четири проценти од злоупотребените млади момчиња и десет отсто од младите девојки биле на возраст меѓу осум и 11 година.

Веста е прочитана 588 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.