Во Црна Гора има 48 милионери

10 October, 2017 - 14:06

Во Црна Гора има 48 милионери, а најбогатиот од нив има речиси 40 милиони евра на сметки во банките во земјата, соопшти Централната банка на Црна Гора.

Според податоците, најголемиот единичен депозит во една од банките, е 38,5 милиони евра. Тоа е за 10 милиони евра помал од најголемиот депозит на претпријатие во земјата, кој изнесува 47,2 милиони евра.

Месецов, во Црна Гора има шест милионери помалку во споредба со февруари годинава, но најбогатиот човек се збогатил три пати - од 13,7 на 38,5 милиони евра. 

Црногорските закони не дозволуваат да се објавуваат имиња и лични податоци на сопствениците на сметките. 

Веста е прочитана 285 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.