Во Косово регистрирани повеќе од 100 случаи со морбили

14 October, 2017 - 17:20

Во Косово расте бројот на случаите со морбили односно мали сипаници. Последниот случај е 16 годишно момче, кое не било вакцинирано а имало и друг заравствен проблем.

„Првиот  случај е регистриран во јуни и тоа по 16 години. До сега тој број е повеќе од 100. Заразентите се главно деца, од предучилишна и училшна возраст, но има и возрасни. Највозрасниот има 40 години. За жал, како последица на ова заразно заболување почина 15 месечно бебе од Косово Поле“, потврдил, директорот на Клиниката за инфектологија во Приштина, Хамди Рамадани.

Според него моментно во клиниката хоспитализирани се 36 пациенти со морбили, главно од Косово поле и Липљан. Еден од пацентите, посочува тој, е во тешка состојба, бидејќи боледува и од други две болести.

Околу 90 насто од регистрираните случаи не примиле вакцина против морбли. 

Веста е прочитана 410 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.