Во пожарите во Калифорнија- 17 загинати, a над сто повредени

11 October, 2017 - 11:37

Калифорниските пожарникари се борат со најголемите пожари во изминатите 36 години. Огнената стихија која беснее на северот од земјата досега зафатила 20.000 хектари површина. Најмалку 17 луѓе загинаа, a над сто се повредени.

Уништени се над 1.500 станбени и деловни објекти, а околу 20.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови пред ширењето на огнената стихија.

Гаснењето на пожарите го отежнува силниот ветер, кој дополнително го забрзува нивното ширење. Поради пожарите во осум окрузи северно од Сан Франциско е прогласена вонредна состојба. Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи реонот зафатен со пожари за зона погодена од природна непогода и нареди испраќање федерална помош за жителите во тие окрузи. Отворени се повеќе центри за евакуација во кои се згрижуваат лицата што ги напуштат своите домови.

Во градот Санта Роса пак е прогласен полициски час од заоѓање до изгрев на Сонцето, како мерка за справување со провалниците, кои ги ограбуваат напуштените домови и деловни објекти. 

Веста е прочитана 341 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.