Во Турција издаден налог за апсење на 100 поранешни полицајци

14 October, 2017 - 14:15

Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 100 поранешни полицајци и досега се приведени 63, објавија турските медиуми. Безбедносните сили трагаат по осомничените во 19 провиниции ширум Турција.

Апсењето е наложено бидејќи постои сомнеж дека поранешните полицајци наводно ја користеле апликацијата „БајЛок“ за испраќање кодирани пораки, за која турската Влада смета дека била користена од движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кое Анкара го обвинува за организирање на обидот за пуч.

Од јули минатата година турските власти уапсија повеќе од 50.000 луѓе, кои се соочуваат со судски процеси поради обвинување за поврзаност со Ѓулен, додека 150.000 луѓе се сменети или суспендирани од работните места во војската и во јавниот и приватниот сектор. 

Веста е прочитана 284 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.