Вработените од ФЕНИ на протест

8 November, 2017 - 11:00

Вработените од кавадаречкиот комбинат ФЕНИ од денеска се на протест пред филијалите на трите банки доверители во центарот на Кавадарци.

Од Синдикатот на ФЕНИ за Телма велат дека протестот, кој ќе продолжи и во наредните денови, ќе се одржи поради покренатата претстечајна постапка за комбинатот минатата недела, за што на 13 месецов е закажано рочиште во Судот во Велес, кога ќе се знае дали фабриката заминува во стечај или е најдено решение за спас. Се уште е неизвесно дали некој и кој инвеститор понудил план за рестартирање најсериозна понуда за купување на комбинатот.

Привремениот стечаен управник Мирослав Анастасиевски за Телма изјави дека во моментов се врши испитување на инсолвентноста на компанијата, блокада на сметките, како и тоа дали компанијата има имот за да биде спроведенма стечајна постапка.

Додека се чека решението, извршниот директор на комбинатот веќе доби две кривични пријави за злоупотреба на службената положба и сомневање за перење пари.

Вработените од ФЕНИ уште еднаш го повторија апелот до премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев, да помогнат што поскоро да се изнајде решение за спас на комбинатот. 

Веста е прочитана 423 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.