Врие во ССМ

27 October, 2017 - 19:04

Наместо за работнички права, синдикалците се скараа за претседателската фотеља. Откако заеднички го сменија Живко Митревски сега работите меѓу нив се вжештија поради тоа што в. д. претседателот Дарко Димовски остана единствен кандидат за оваа функција, а другите двајца  беа одбиени поради неисполнување на условите. Пецо Грујовски од УПОЗ кој не собра поддршка од потребните 6 синдикати обвинува дека ССМ молчи наместо да се предлагаат измени на законот за вработување, за пензиско или за минимална плата. Канидатурата на Димовски е спорна рече тој, бидејќи е партиски член и сопственик на ресторан.

Грујовски добил поддршка од 5 синдикати, а мегу нив е и синдикатот предводен од поранешниот прв синдикалец Живко Митровски. Тој демантира дека му простил на Митревски што го исклучи од ССМ и дека со него се договора за лидерската фотеља во синдикатот. Дел од синдикатите пак кои го поддржале Димовски за кандидат за претседател возвратија со контра обвинување дека Грујовски го крши статутот на синдикатот со барањето да се одложи конгресот закажан за 11 ноемрви.

Последните случувања не одат во прилог на поправање на состојбите во синдикалното организирање, велат синдикалците. На конгресот во Охрид ќе се бара промена на статутот и поголемо анагажирање на младите бидејки 40 % од членството е на возраст од над 60 години.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 2837 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.