За 15 коприви и 20 марули-150 евра казна

1 March, 2016 - 15:38

Милорад Георгиевски секој ден оди на пазар со снопче коприви кои ги продава 20 денари. Од нив носи леб на семејството.

Цел ден седи на пазар за 200 денари. Сопругата не работи а со него во семејната куќа во Лисиче живее и синот со семејството.

Освен за копривите ќе треба да плати казна и за 20 мариули на бабата која продавала до него но кога видела дека има инспекција побегнала.  Казната му ја изрекол судија за прекршоци и сега Милорад се чуди како ќе ја плати, но не се откажува од работа.

 Милорад кој е пензиониран возач е револтиран од односот на судијата кој го осудил.

Го молел во судница и плачел за да не го казнат со пари повеќе отколку што зема пензија. Но судијата му рекол си направил прекршок и враќање назад нема.

Се жалел и во Апелациониот суд но и од таму му рекле дека треба да си ја плати казната. Судот му наложил да плати а за да му олесни му дозволиле две рати. Но дедо Мичо и тие нема можност да ги плати во предвидениот рок.

Вели дека е подготвен и затвор да оди и стариот шпорет од дома да му го запленат но ништо нема да го спречи и понатаму со копривите да носи леб во семејството.

Кристина Мачкиќ

Веста е прочитана 97289 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.