За Владата застојот кај автопатите е виновник за БДП, експертите советуваат здрава стратегија

8 September, 2017 - 16:25

Наместо пополистички и краткорочни мерки селективно насочени кон одредени целни и привилегирани групи, Владата под итно да преземе здрави чекори за заживување на економската активност. По објавата дека економијата во вториот квартал паднала за 1,8 отсто, со што земјава се наоѓа буквално на раб на рецесија, експертите со препораки до власта да се концентрира многу повеќе кон долгорочна стратегија за развој малите и средни фирми, кои се клучни да се исплива од сегашната лоша економска слика. Во спротивно, ќе продолжиме да тапкаме во место.

Падот во градежништвото и уметноста се должи на завршувањето на проектот Скопје 2014, вели аналитичарот Битичи, тоа значи дека замреле непродуктивните инвестиции. Доаѓаме до реална слика оти без интервенции на државата, градежниот сектор нема да има висок раст како претходно.

„Ние како држава имаме сериозен проблем ако еднаш засекогаш не ја разјасниме конкурентската предност, кои се клучните сектори и индустрии во државата. Тоа не може да се направи ако нема долгорочна стратегија за развој. Јас не гледам никакви чекори од страна на Владата дека тие прават нешто околу тоа“, велчи Битиќи.

Тој нема забелешки за зголемувањето на минималната плата и укинувањето на радиодифузната такса, но дел заслужуваат критики. 

„Да очекуваш дека е економска мерка да дадеш средства на луѓе со ниски примања да одат на одмор, за да му се помогне на туристичкиот сектор, е навреда за тие што се занимаваат со економија, тоа се социјални и предизборни мерки, има други начини да им се помогне на хотелите“, вели Битичи.

Од министерството за финансии, пак, денеска, еден ден откако е објавен податокот за падот на БДП, излегоа со став. Ввелат дека една од причините е застојот во зградбата на автопатиштата.

"Лошите резултати од првата половина на годината се главно поради политичката криза. Конкретно, објавените податоци за падот на БДП во вториот квартал покажуваат дека тој се должи главно на градежништвото односно на бруто-инвестициите. Нашите сегашни анализи укажуваат дека ова е веројатно во најголем дел одраз на застојот во изградбата на автопатите, што претставува наследен проблем поради грешките при изградба на истите. Наспроти ова, податоците за БДП во вториот квартал покажуваат стабилен раст на извозот и забрзување на растот на потрошувачката на домаќинствата“, велат од Финансии.

Дополнително, велат, во вториот квартал има пад на невработеноста. Со разрешувањето на политичката криза во мај, веќе се видливи знаците на заживување, а буџетските приходи имаат солиден раст последниве месеци. 

Од Финансии потенцираат дека веќе презеле мерки, како што е зголемување на продуктивните и кратење на непродуктивните расходи со ребалансот, а исти пристап ќе го имаат и при креирање на буџетот за идната година. Се преземаат и мерки за надминување на наследениот застој кај патиштата, што се очекува да резултира со повисок раст на БДП.

Нина Нинеска-Фиданоска

Веста е прочитана 1860 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.