Заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија на 23 ноември

2 November, 2017 - 11:46

Напредокот на добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија ќе биде во фокусот на заедничата седница на владите на двете земји, која ќе се одржи на 23 ноември во Струмица, соопшти соопшти денеска прес-службата на бугарската Влада. Претходно, и македонската Влада, донесе одлуки за заеднички седници со Бугарија, како и со Албанија на 2 декември. Седницата на двете влади ќе заврши со полагање венец на споменикот на македонскиот претседател Борис Трајковски.

Заедничката седница е континуитет на позитивниот дијалог и партнерството меѓу двете земји, се наведува во соопштението на прес-службата на бугарската Влада. 

Одржување заедничка седница било договорено за време на официјалната посета на премиерот Бојко Борисов на почетокот на август, кога беше потпишан Договорот за пријателство, соработка и добрсоседство меѓу двете држави. 

Веста е прочитана 130 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.