Заев: Шансите за решение со Грција се поголеми

10 November, 2017 - 15:37

Македонија мора да биде подготвена на исчекор за прашањето за името, изјави премиерот Зоран Заев, оценувајќи дека сега има поголеми шанси од порано да се најде решение со Грција. Очекува дека, до крајот на овој месец ќе почнат да се раздвижуваат работите, особено по средбите на преговарачите со Нимиц. Побара конструктивност и од опозицијата.

За конечно решавање на спорот за името, Заев е подготвен и да ја поддржи  иницијативата на Дипломатскиот клуб – Скопје, скопскиот аеродром „Александар Велики“, да се преименува во „Киро Глигоров“.

Во однос на интервјуто дадено за црногорски медиум, во кое Заев зборува за заканите за негова ликвидација, а за кое реагираа и од руското МНР, како и од руската амбасада во Скопје, Заев вели дека, неговиот коментар бил во врска со реакцијата на Русија при зачленувањето на Црна Гора во НАТО и дека укажувањата не ги доведува во релација со Руската Федерација. Останува на ставот за унапредување на соработката со Русија, но повторно потенцира дека Македонија нема друга алтернатива, освен зачленувањето во ЕУ и НАТО.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Веста е прочитана 1057 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.