Заев: Викендов ќе се разговара за Владината коалиција

1 November, 2017 - 16:24

Во деновите од претстојниот викенд, кога ќе се смират страстите, ќе се отвори прашањето за реконструкција на Владата, најави премиерот Зоран Заев, избегнувајќи директен одговор дали Алијансата за Албанците останува коалициски партнер.

Заев вели дека не разговарал со  Мендух Тачи за придружување на ДПА во Владата. Но, уште пред да се случи тоа, Алијансата му порача дека ако ДПА влезе, тие ќе излезат.

По изборите, Села и Заев се немаат сретнато. Таравари очекува првиот чекор за продолжување на соработката да го направи премиерот, откако тој на Локалните избори ја ставил целата држава во служба на еден од коалициските партнери - ДУИ.

Заев вели дека разговори допрва ќе има. Како што се прават коалиции, така треба и да се одржуваат.

Односите меѓу коалициските партнери во Владата се нарушија откако СДСМ им даде целосна поддршка на кандидатите на ДУИ, дури и во општините кадешто во вториот круг имаа противкандидат од Алијансата.

Соња Николовска

Веста е прочитана 1399 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.