Загадувањето алармантно, градот советува да се користи јавниот превоз

7 November, 2017 - 16:03

Од безбедна зона до екстремно загадување. Еден час од денот Карпош и Центар се безбедни за прошетка, а веќе наредниот воздухот во општините станува опасен по здравјето. Мерните станици и интернет апликциите во одредени периоди од денот покажуваат сериозни надминувања на канцерогените ПМ честички. Јавноста почна да бара одговори и одговорност од надлежните. Но, засега ќе мора да се задоволи само со препораки. Прв со совети до граѓаните излезе Градот Скопје:

-возилата да не се користат без потреба;

- повеќе лица да се возат во едно возило;

- да се користи јавниот превоз;

- за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;

- да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци;

- печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;

- редовно да се чистат оџаците.

Покрај препораките за намалување на загадувањето, Градот ги советува граѓаните и како да се заштитат од него.  Да останат дома наутро и навечер кога концентрациите на опасните ПМ честички се највисоки, да ги вршат само итните обрски, а останатите да ги одложат. Градот со повик и до иснтитуциите, да ги зајакнат иснпекциските контроли. Од Државниот инспкеторат пак порачаа дека веќе се на терен.

Меѓу барањата на градот се и зајакнување на вонредните контроли на МВР во однос на техничката исправност на возилата за кои се сомневаат дека имаат зголемени емисии на штетни гасови; Совети упатија и до авто школите, обуките да ги реализираат во периодот од 9:30 до 14:30 часот, и после 18:00 часот. Градот советува и откажување, односно одлагање на големи јавни собири, спортски или културни настани на отворено.

Веста е прочитана 1470 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.