Затварање на 38-от фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“

30 September, 2017 - 16:22

Со доделување на наградите Златна, Сребрена и Бронзена „Камера 300“, на кинематографи од 13 филмови во официјална конкуренција, вечерва завршува 38-от по ред фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Организаторите велат дека иако се соочиле со голем број проблеми, сепак се задоволни од годинешното издание, на кое беа понудени филмови во 11 програми.

„Фестивалот собра интересни луѓе, имавме присутни во Битола 10 кинамтографи од главната програма. Се надеваме дека вчерва некои од овде присутните ќе добијат награда, но и да донесе жирито поинаква одлука ќе ја почитуваме“, изјави Гена Теодосивска, уметнички директор на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола.

Во официјална конкуренција е и филмот„ Кога денот немаше име“, на Теона Стругар Митевска, кој синоќа имаше македонска премиера. Инспириран е од убиствата кај Смилковското езеро во 2012 година.

„Целта ни беше да се почувствува  болката на оваа изгубена генерација, болката што животот ја носи, нетолерантноста на општеството во кое живееме, тежината на зборовите кои едни кон други си ги упатуваме“, рече Лабина Митевска, продуцент на филмот „Кога денот немаше име“.

Вечерва на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе му биде врачена и наградата златна „Камера 300“ на македонскиот режисер Милчо Манчевски, за особен придонес во светската кинематографија, по што следува проекција на  францускиот филм  „Нека влезе сонцето“. 

Емилија Мисирлиевска

Веста е прочитана 283 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.