Жена од Виница бара помош за операција во Кина

17 April, 2017 - 15:57

32 годишната Сузана Насева од виничкото село Трсино надежта повторно да оди без ортопедски помагала ја гледа во Кина. Терапијата со матични клетки чини околу 30.000 евра. Тврди дека пред една година при операција на канцер на матката повреден и е нервот на ногата, лекарите од скопските државни клиники и давале надеж дека повторно ќе оди нормално, но по направените испитувања и соопштиле дека таа веќе е инвалид.

Насева е мајка на четири деца, пред една година имале нормален живот со семејството, но откако таа останала инвалид нејзиниот сопруг ги презел сите обврски кон децата и куќата.

Семејството Насеви живее со скромните примања што ги имаат за четврто дете и од додатокот за туѓа нега. Пари за операцијата, односно терапијата со матични клетки во Кина немаат. Бараат од луѓето кои можат-да им помогнат. Засега имаат само сметка во една банка, деновиве мобилните оператори ќе отворат и броеви за донирање за оваа жена.

Викторија Јованова

Веста е прочитана 9092 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.