Значењето на челичната индустрија за економскиот раст

24 October, 2017 - 16:43

Состојбите во челичната индустрија бележат позитивни поместувања ,но вкупните ефекти врз економијата според здружението на металурзите ќе дојдат подоцна. Тие од новата Влада не бараат субвенции туку поддршка преку обезбедување нормални услови за работа во делот на инфраструктурата, енергетиката и транспортот.

Нема земја во светот која од патлиџани успеала да го подигне економскиот раст како што многумина ги карикираат состојбите во нашата економија, дека ние ќе сме правеле држава од патлиџани. Оваа индустрија оди напред, таа ја влече целата економија, но жално е што кога оди долу, ја влече надолу и целата економија“, истакна Митко Кочовски здр. На металска индустрија при Стопанска комора на македонија

Претходната Влада вели Кочовски немаше слух и разбирање за потребите на челичната индустрија туку сите иницијативи беа развлечени низ административни механизми и не се разбра нејзиното значењето врз економскиот развој на државата.

„Имаше проект учиме од бизнисот, но или ние бевме слаби учители или тие лоши ученици, но не се разбравме и ништо не се научи, кажа Кочовски.

Државата мора да направи коренити промени во образовниот систем додава Кочовски. Во металуршките капацитети просечната старост на вработените е 54 години и тие нема на кого да го пренесат своето занатско знаење бидејки учениците од електротехничките учлилишта не продолжуваат да се образуваат во струката.

95 проценти одат на факултет, но не на електро туку на ДИФ, не знаат таблица множење, а ние им даваме да работат на машина од 15 мил евра, кажа Кочовски.

Во последните месеци забележан е зголемен обем на производство и подобри финансиски показатели во однос на лани во Арчелор Митал, Макстил и Дојран стил, но состојбите се понеповолни во ФЕНИ  и Југохром поради промена на сопственикот односно изградбата на филтер станицата.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 576 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.