Зоолошка градина заработи 12.000 евра благодарејќи на „Покемон Гоу“

11 August, 2016 - 10:13

Искуството на една белгиска зоолошка градина покажа дека зависниците на играта „Покемон Го“ можат да помогнат во заштита на вистинските животни, додека ги ловат фиктивните суштества.

Имено, зоолошката градина во белгискиот град Антверпен објави дека изминативе денови заработила 12.000 евра од продажба на билети на лица кои влегувале во неа во лов на покемони. 

Парите ќе бидат наменети за Центарот за истражување и заштита на животните, кој е фокусиран на загрозените животински видови.

Според раководството на институцијата, изминативе денови зоолошката градина ја посетиле околу 15.000 луѓе.

Но, додека оваа зоолошка градина се фали со успехот, на некои други места во светот играта е забранета. Дури и во самата Белгија властите разгледуваат можност за воведување казни за играчите кои не внимаваат на сообраќајот, затоа што очите им се вперени во паметните телеони додека ги ловат виртуелните суштества. 

 

Веста е прочитана 427 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.